459
Во тек е реализацијата на оперативната акција со кодно име „Колонија“, која по повеќемесечна истрага под надзор на Кантоналното обвинителство на Сараевскиот кантон е заеднички спроведена од Федералната полициска управа и МУП на Сараевскиот кантон.
Целта на акцијата е да се расветлат и документираат коруптивни кривични дела, трговија со дрога, разбојништва и кражби, потврдило Обвинителството во Сараево, пренесе „Вијести.ба“.
Во тек се претреси на повеќе локации и апсења на неколку лица во Сараевскиот кантон, Тузланскиот кантон и ХНК.