Голема Русија не се занимава со такви ситници

од desk3
74 прегледи

 

Зошто Русија е толку загрижена за вежбите на НАТО во Полска, а не се интересира од крвавите судири во соседен Казахстан? DW има одговор на ова прашање.

0,,16777038_303,00

Понекогаш вреди да го разбираме буквално дипломатскиот израз “изразување на загриженост”. Да, луѓето се загрижени. Сега руските официјални лица се загрижени поради вежбата на НАТО во Полска. Вестите го докажуваат тоа постојано. Дмитриј Песков, Прес секретарот на Владимир Путин, вели дека “Вежбата не создава атмосфера на доверба и безбедност”. Претставникот на Министерството за одбрана Игор Конашенков пак смета дека во Европа “уште еднаш се разгорува русофобска хистерија”, а рускиот претставник во НАТО Александар Грушко ветува дека “сè што ќе прави НАТО на источните граници, нема да остане без наш воено- технички и политички одговор “. Пратеникот Франц Клинцевич ја обвинува Алијансата во “подготовка на глобален удар против Русија”. Ниту една претходна вежба на НАТО не е предизвика таква јавна загриженост во Русија, а времињата кога во НАТО маневри во Балтичкото Море учествуваа и бродови на рускиот флота, сега изгледаат како нешто фантастично и невозможно. Партнерство одамна нема. Сега владее само загриженост.
Стрелаат ли? Тоа не е наша работа.

Каков антоним може да биде избран за зборот “загриженост”? Можеби “спокојство”? Бидејќи Русите се силно загрижени за она што се случува во Полска, но истовремено протестираат барем официјално, но се смирени во однос на други надворешнополитички насоки. “Ова е внатрешна работа на Казахстан. Ние не се сомневаме дека казахстанските истражни органи ќе воспостават што се крие зад тој дрзок напад”, изјави Дмитриј Песков во одговор на барање на новинар за настаните во градот Актобе.

Пред неколку дена во западноказахстанскиот град се водеа вистински борби: десетици лица беа убиени, откако групи вооружени мажи нападнале воена база и оружена продавница. Меѓу загинатите се тројца војници и четворица цивили, како и над 10 напаѓачи. Околу 40 лица беа повредени. Казахстанските власти го претставија случајот како терористички напад и ја фрлија вината врз радикални исламисти. Полицијата и безбедносните сили во земјата започнаа голема операција за пронаоѓање на учесниците во нападите.

Кој е третиот по големина извозник на оружје ?

Растојанието од Актобе до рускиот Оренбург е околу 400 километри, но според Дмитриј Песков нема основа за зајакнување на контролата на руската граница. Веројатно Кремљ го исцрпил целиот фонд на “загриженост” во западна, Полска и НАТО насока, та не му стигнуваат емоционалните сили за Казахстан. Опуштање ли? Тоа не е наша работа. Се ќе биде во ред. Контрастот помеѓу изјавите на руските официјални лица “полската” и “казахстанскиот” тема сепак силно бодат во очи. Небаре пред нас стојат две различни Русии. Едната – поцврста и загрижена, а другата – опуштена и рамнодушна.

Двете лица на Русија

Во извесна смисла тоа всушност е така. Едната Русија е светски играч и голема држава, изложена на влијанието на недружељубивиот Запад. Како резултат на тоа фактички започна нова студена војна, во која Русија се спротивстави на САД и нивните европски сателити. Токму тоа е земјата, за која зборуваат МНР и Министерството за одбрана, прес секретарот на Путин – Дмитриј Песков и водеителите на руската телевизија. Другата Русија е онаа, која постои реално: и таа има 7.500 километри копнена граница со Казахстан. Од другата страна на границата лабаво. Нема никакво значење дали тоа се исламисти, пучисти, заговорници или бандити. Секоја внатрешна тензија кај соседите е наполнет со реални проблеми за реалната Русија. Што би можело да значи тоаи? Секој го запамети примерот со Украина.

Москва никогаш не зборувала за Казахстан како за извор на опасности. Во Казахстан нема “бандеровци”, земјата не се упатила кон ЕУ или НАТО. Таму не пеат навредливи песни за Путин. Што е опасност? Дури и без преседан транспортна зависност од Казахстан, преку чија територија поминува виталната за Русија Транссибирска железничка магистрала, не предизвикува разговори за потребата од “замена на увозот”.

Казахстан ли? Што е таму опасно?

Всушност Русија нема никакво друго искуство во односите со Казахстан, освен умереното партнерство, создадено во годините на управување Нурсултан Назарбаев, несменетиот казахстански лидер уште од советско време. И кога владеењето на Назарбаев ќе се смени со нестабилност и неизвесност, ќе се покаже дека во Министерството за надворешни работи и во Министерството за одбрана нема воопшто експерти за прашањата на Казахстан. Само во Русија никогаш не биле подготвувани такви специјалисти. Дури кога требаат преведувачи од казакстански, ќе се потпираат на преведувачите од турски, кои брзо ќе треба да се преквалификуваат.

Борбите во Актобе покажаа дека соседната држава многу лесно може да стане извор на политичка нестабилност. Но во Русија никој не мисли за тоа. Сите се зафатени со загриженост по повод вежбите на НАТО во Полска. Така де! За што и е на една глобална држава да се занимава со такви ситници како Казахстан?