ГОЛЕМА ТАГА – почина легендарниот музичар

од VIktor_P
11,5K прегледи

Брајан Вилсон, еден од основачите на „Beach Boys“, почина на 82-годишна возраст.

– Со скршено срце објавуваме дека нашиот сакан татко Брајан Вилсон почина – се вели во соопштението на семејството на Инстаграм.

Во моментов сме без зборови. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој момент додека нашето семејство тагува. Свесни сме дека ја споделуваме нашата тага со светот. Љубов и милост. – се вели во соопштението.

Основачот на Beach Boys, Брајан Вилсон, е еден од најпочитуваните и највлијателните текстописци на 20 век. Тој се здоби со слава како фронтмен на Beach Boys, за кои беше главен текстописец, како и ко-вокал.

Минатата година, неколку недели по смртта на неговата долгогодишна сопруга Мелинда, се дозна дека тој имал неврокогнитивно нарушување слично на деменција.

Слични содржини