Обложувалниците вчера соопштија дека постои досега најголемата веројатност за останување на Велика Британија во Европската унија на референдумот на 23 јуни.
„Вилијам Хил“ го намали коефициентот за гласање за поддршка на членството на Велика Британија во ЕУ на еден спрема пет, што е најниско ниво досега. Според оваа обложувалница, веројатноста за такво гласање во моментов е 83 отсто.
„Бетфер“ ги зголеми шансите за гласање за поддршка за останување во ЕУ на 77,5 отсто. Минатата недела беа определни 70 проценти.
Голем број инвеститори внимателно го следат коефициентите на обложувалниците во момент, кога социолошките истражувања презентираат мошне различни податоци за расположението на јавноста