457
Општина Аеродром заедно со Град Скопје ја расчисти големата дива депонија во Мичурин, покрај Железничката станица.
-Овој простор ќе прерасне во парк, со зелени површини, пешачки патеки, партерно уредување, како и детско игралиште. Наскоро ќе почнеме со изградба на нови паркови на повеќе локации во Општината. Стар Аеродром ќе добие два нови парка што ќе се протегаат покрај улиците „Методија Шаторов-Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“, изјавија од Општина Аеродром.