Конзервативната партија на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон победи на локалните парламентарни избори во градот Хартлпул, со што беше соборено повеќедецениското владеење на лабуристите во тоа место, пренесе Ројтерс.
Конзервативната кандидатка Џил Мортимер победи со големо мнозинство, што беше незамисливо пред помалку од една деценија – да победи конзервативец во Хартлпул, едно од најсилните упоришта на лабуристите.
Победата, што му дава на Џонсон уште поголема моќ во парламентот, ќе го зголеми притисокот врз лидерот на лабуристите Кир Стармер, кој се соочува со критики од приврзаниците за неуспехот да го исполнат ветувањето за заживување на партијата по големиот неуспех на изборите во 2019 година.
„Ова е историски резултат“, рече копретседателката на Конзервативната партија Аманда Милинг, пренесува Танјуг.