Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар беа поплавени поради обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, а албанската армија евакуираше бројни домаќинства.
Според порталот „Albania Daily News“, бројни куќи во општина Скадар и селото Ливаде останале без струја и вода и биле отсечени од светот, а некои патишта може да се минуваат само со чамци.
Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа.
Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.
Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани во градот Лушња, каде нивото на водата достигнало 30 сантиметри.