Залудни се обидите за демонстрирање монолитност, вели Кекеновски за вчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ , а а aналитичарот Алајдин Демири пак за DW вели дека одбивањето на Груевски да прифати формирање на преодна влада, смена на јавниот обвинетел, на раководството на МРТВ и на негова екипа министри, укажува дека „тој е подготвен на се”.

„Подготвен e да оди до крај во својата замисла, па и по цена на Македонија и нејзините граѓани, анализира Демири Ако евентуално СДСМ се реши на протести и улична демократија, тој е подготвен да употреби и гумени куршуми, чие користење неодамна беше регулирано со закон. Со оглед дека ниту едно од укажувањата на СДСМ за изборни манипулации и други криминали не допираат до неговата свест и совест, тоа покажува дека премиерот ќе стори се‘ за да остане на власт. Одликите на големите диктатори, каков што беше и Милошевиќ, тој ги демонстрираше и на партиската трибина“, вели Демири.
Според него, состојбите може да ги сменат одредени случувања во ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребно е будење на свеста и промени, во стилот на она што го порачуваат Никола Димитров, Владимир Лазаревиќ, Јове Кекеновски… Само во таков случај има шанса за демократски промени. Во спротивно, ќе остане само сликата за граѓани мобилизирани за присуство на трибината и за граѓани, кои по се‘ изгледа, се ‘нужно зло’ што само треба да му служат на ‘големиот бос’“, вели Демири.
СДСМ: Зборот на Груевски веќе нема вредност
Јове Кекеновски од Форумот на слободоумни патриоти, кој се залага за процес на „дегруевизација” на неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, вели дека се залудни обидите на Груевски да промовира масовна поддршка и монолитност.
„Бројката на присутни, колку и да е таа, 15.000 или 50.000, не значи ништо, ако некој сака врз таа основа да прибира политички поени. Велам дека не значи ништо, бидејќи на сите им е познат начинот на кој присутните се присилени да присуствуваат на трибината, со цел да се промовира хипермонолитност и единство. Сето тоа е лажна слика. По сите оние аудио-снимки и скандали, она што требаше Груевски да го направи е – да си замине! Во политичкото дејствување постојат морални стандарди и принципи кои треба да се испочитуваат. А дали аудио-снимките се ‘креирани’, треба да кажат надлежните институции, а не Груевски“, вели Кекеновски.
Целиот текст на DW
фото:Falanga