Истражување на порносајтот PornHub потврдило дека мажите од возрасната група од 18-24-годишни помалку се импресионираат од големите женски гради во споредба со претходните генерации, пишува Daily Mail.
Од добиените податоци поврзани со пребарувања на корисниците на сајтот, младите, кои влегуваат во споменатата возрасна група, се со 20 проценти помала веројатност да бараат во порталот содржини поврзани со големи гради.
А претставниците на посилниот пол во групата на 55-64-годишните се покажале со за 17 проценти поголема веројатност да бидат заинтересирани за импресивни бисти.
Сепак клучни зборови, како “природни големи гради” биле сè уште многу популарни во PornHub, и тие се пласирале на четвртото место меѓу пребарувањата.
Весникот истакнува дека во 2015 година британските хирурзи предвиделе 20 процентен пад на операциите за зголемување на градите.
Во истата година американските колеги регистрирале 38 илјади случаи на отстранување на торакални импланти.