21-годишниот супермодел Бела Адид соопшти што не и се допаѓа во нејзиниот изглед. Денес сестрите Бела и Џиџи се меѓу најпопуларните модели во светот. Многу луѓе им се восхитуваат на убавината и харизмата, а добро познатите брендови склучуваат договори за милиони со нив.
Но, и покрај светската слава, тие се обични девојки кои исто така имаат комплекси за нивниот изглед.
Во нејзиното последно интервју, Бела Адид ги сподели своите тинејџерски комплекси. Супермоделот рече дека долго време се борела со прекумерна тежина и не и се допаѓале нејзините веѓи.
„Имав тенки веѓи, како на татко ми. Бев многу искомплексирана од тоа. Но сега има многу видови козметика, која помага да се коригира густината на веѓите и да им се придаде било каква форма“.
Исто така Бела призна дека е фан на контурингот, но се обидува да не става секој ден.