Големо изненадување: Android 15 пристигнува денес?!

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Протечени информации сугерираат дека некои корисници би можеле да добијат Android 15 на своите телефони уште денес.

Google до сега не го откриваше датумот на излегување на најновата генерација на Android, но на германскиот форум посветен на моделот Pixel беше објавена информација дека тоа ќе биде денес.

Оваа објава беше брзо избришана, но секако, на социјалните мрежи се проширија „скриншотови“, па голема е веројатноста Android 15 да биде испорачан на првите Pixel телефони денес.

Во оттогаш избришаната објава, Google напиша дека ажурирањето постепено ќе стане достапно на глобално ниво во текот на следната недела.

Ажурирањето на Android 15 треба да пристигне во исто време со Pixel Feature Drop во октомври, така што телефоните Pixel, како и Pixel Watch, би можеле да добијат некои други подобрувања денес.

Оние корисници кои веќе имаат Android 15 QPR1 бета на своите уреди ќе треба да излезат од бета програмата за да добијат стабилна верзија, но ова ќе ја избрише целата содржина на внатрешната меморија на телефонот.

Слични содржини