Најголемата светска криптоберза, Binance, во вторникот потпиша необврзувачки договор со берзата FTX за купување на нивниот бизнис во САД, со цел, меѓу другото, да му помогне на ривалот во кризата со ликвидноста.
Овој договор на пазарните ривали доаѓа само еден ден откако финансиската состојба на FTX покажа нагло влошување. За само три дена од менувачницата се повлечени 6 милијарди долари. Потпишувањето на договорот со себе донесе и бројни контроверзи.
– Страшно е да се мисли дека една од најголемите берзи во светот, FTX, е фатена во криза со ликвидност и дека нејзиниот најголем конкурент, Binance, се нуди да ја спаси, изјави за Reuters извршниот директор и финансиски советник на Tradier, Ден Раџу.
Овој потег предизвика драматичен пресврт во богатството на милијардерот Сем Бенкмен-Фрид и е последен во низата итни спасувачки пакети во светот на криптовалутите оваа година, бидејќи инвеститорите се повлекоа од посериозните средства поради зголемените каматни стапки.
Во белешката до инвеститорите во вторникот, која се појави и на Твитер, тој се обиде да ги смири инвеститорите на FTX, велејќи дека заштитата на акционерите е наш највисок приоритет“, но рече дека деталите од договорот „се уште се утврдуваат“.