Голф 2 е тоа, малку е и милион евра за него (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Неверојатно видео кружи на социјалните медиуми. Имено, во момент поплави, граѓаните на БиХ повторно изнаоѓаат начин да се шегуваат.

Така, во видеото објавено на социјалната мрежа Твитер, можете да видите автомобил Голф 2, или популарно кажано „двајка“, како минува низ поплавена улица без поголеми проблеми.

Видеото беше проследено со бројни коментари.

Меѓу нив се „Ова иде во лер“, „Кога ќе остане без нафта, може да вози уште 800 километри“.

И корисниците на социјалната мрежа Твитер се пошегуваа дека популарната „двајка“ може да биде и чамец во слободно време, или амфибија.

Слични содржини