На улицата„Васил Ѓорѓов“ во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил„фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Специјалната хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, a распишана е телеграма и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.