Golf веќе не е ниту во топ 10: Кои се најпродаваните автомобили во Европа?

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостиг на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за Volkswagen Golf, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според JATO Dynamics.

Првото место сега го држи малиот SUV Peugeot 2008 (18.109 продадени примероци), втор е Renault Clio (14.639), потоа Dacia Sandero (14.034), Peugeot 208 (13.978), петти е Ford Focus. (12.704)…

Golf-от испадна од првите десет – продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Volkswagen во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пренесе пак магазинот „ХАК ревија“.

Слични содржини