Голманот на Англија го пропушта ЕП поради операција на лактот

од Симе Стоиков
216 прегледи

Голманот на Кристал Палас и англиската репрезентација Сем Џонстон е опериран на лактот поради што ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија, пренесуваат британските медиуми.

Џонстон го повреди лактот на тренингот на англиската репрезентација пред пријателскиот натпревар со Белгија.

Британските медиуми пренесуваат дека голманот на Кристал Палас по операцијата ќе мора да паузира меѓу три и четири месеци, поради што ќе го пропушти ЕП што ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Џонстон (31) е член на Кристал Палас од 2022 година, а претходно играше за Вест Бромвич, Астон Вила, Престон, Донкастер, Јеовил, Волсал, Сканторп, Олдам и Манчестер Јунајтед.

Џонстон оваа сезона бранеше на 23 натпревари за Кристал Палас. За репрезентацијата на Англија одигра четири натпревари.

Фудбалската репрезентација на Англија на Европското првенство ќе игра во групата Ц со Србија, Данска и Словенија.

Слични содржини