235
Победникот на парламентарните избори во Словенија и иден премиер Роберт Голоб најави дека во најбрз можен рок, најверојатно денеска, ќе почнат консултациите со партнерските партии за формирање влада.
„Очекувам преговорите со идните коалициски партнери да започнат во вторник“, изјави Голоб за словенечкото издание на порталот N1, истакнувајќи дека неговото Движење за слобода смета на сојуз со социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, но и со Левица, објави Хина.
Голоб потврди дека би сакал да вклучи две партии од левиот центар во идната влада, кои не го поминаа цензусот на општите избори, а тоа се Листата Марјан Шарец (ЛМС) и Партијата Аленка Братушек (САБ).