Google дава можност автоматски да се бришат податоци, собрани за вашата местоположба

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Во почетокот на мај, Google објави дека подготвува нови начини за автоматско бришење на податоци за локацијата и податоците за активностите на корисникот што ги собира компанијата. Тие сега се во форма на поставка за автоматско бришење на собраните информации по одредено време.

Досега, можевте да го оневозможите собирањето податоци и да ги избришете оние, што ги чува компанијата.

Google сега нуди можност автоматски да ги избришете податоците во период од 3 или 18 месеци. Поставката е достапна и преку мобилни апликации на Google за Android и iOS, и преку десктоп и лаптоп-компјутерите во делот My Activity.

Таа сè уште не може да биде достапна за сите корисници бидејќи компанијата традиционално ги дистрибуира таквите промени во фази.