Google дава неограничена “облачна“ меморија во новите смартфони

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Американската корпорација “Гугл” (Google) го претстави својот прв самостојно развиен паметен телефон кој е наречен “Пиксел” (Pixel). 5097735Соопштението што ги наведува техничките карактеристики на уредот е објавено вчера на официјалниот сајт на компанијата. Смартфонот е достапен во две верзии – Pixel со 5-инчна дијагонала на екранот – и Pixel XL со 5,5-инчен дисплеј.

Уредот, кој ќе биде директен конкурент на “Ајфон” (iPhone), е опремен со 12,3-мегапикселна камера. За неа од “Гугл” најавуваат дека по своите карактеристики ги надминува останатите. Во поддршка на ова се цитираат проценки на експерти од онлајн ресурсите “Ди екс ОУ Марк” DxOMark, кои ѝ го даваат рекордниот рејтинг – 89. Има и предна камера која е со осум мегапиксели.pixel-pixel-xl-scale

Смартфоните на “Гугл” имаат quad-core процесор Snapdragon 821 и 4-Гигабајтна RAM меморија (RAM). Меморијата е во две верзии – 32 GB и 128 GB. Во исто време од “Гугл” ветуваат дека ќе им обезбедат на клиентите неограничен простор за складирање на слики и видео клипови.

Полнењето на батеријата, по оценката на експерти од корпорацијата, што е доволно за седум часа во режим на подготвеност, нема да надминува 15 минути.5097736

Уредот што се составува од “Ејч Ти Си” (HTC), работи со новиот оперативен систем “Андроид” (Android) со името “Нуга” (Nougat). Претходно од “Гугл” ги посочуваа предностите на оваа верзија, меѓу кои постоењето на специјални режими на работа, со кои се оптимизира потрошувачката на енергија и го намалуваат оптоварувањето на оперативната меморија.php63q0hb

Посебно внимание се посветува на вградената Pixel функција која препознава гласовни команди и може, на пример, да се изврши пребарување по нарачка, да се следат делници од патот, во кои сообраќајот е отежнат, да прецизира правци.

Во Австралија, Велика Британија, Канада, Германија и САД Pixel и Pixel XL веќе може да се порачуваат со претходна нарачка. Цената на Pixel во САД е 649 долари, Pixel XL е 769 долари. При купувањето на модел со 128 гигабајти меморија, цената се зголемува за 100 долари. Пред овој модел, “Гугл”, во соработка со други производители, произведуваше смартфони и таблети под името “Нексус” (Nexus).