Google ги одложи модуларните телефони, биле премногу кршливи

од desk3
84 прегледи

Модулните смартфони на Google се одложени за следната година поради незадоволителни резултати за време на тестовите за издржливост, соопштува интернет изданието ZDNet. Project Ara предвидува создавање на паметен телефон, чии водечки компоненти се поделени на одделни модули.

zx450y250_2410405

Значи секој корисник може да го избира и конфигурира смартфонот според сопствените желби. Во случај ако на пример нема да користи LTE, може да не порачува таков модул, туку да го замени со нешто друго што ќе е корисно. На ист начин може да се додадата или извадата речиси секакви компоненти кон главното тело на телефонот. Пример помоќен процесор и повеќе RAM меморија, без да мора да се купува целосно нов smartphone.

Првичните планови беа Project Ara да е подготвен уште оваа година. За време на тестовите за јакост сепак уредите покажаа незадоволителни резултати. Модулите се прикачуваат на главното тело преку електромагнети кои се покажаа премногу слаби при испуштање на телефонот на земјата.

Екипата на Project Ara најави дека ќе тестираат други методи на местата на модулите кои ќе посигурни. за тоа сепак ќе биде потребно време и мора да има одложувањето на новиот паметен телефон за следната година.