Google издаде предупредување за прелистувачот Chrome поради безбедносен пропуст

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Американската технолошка компанија Google издаде итно безбедносно ажурирање за својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека ранливоста CVE-2025-13223 веќе е активно искористена во напади.

Компанијата ги повика сите корисници веднаш да инсталираат нова верзија на прелистувачот за да ги неутрализираат ризиците, објавува порталот Hacker News.

Според проценките на софтверската компанија DemandSage, прелистувачот Chrome го користат најмалку 3,45 милијарди луѓе, па затоа заканата би можела да загрози голем дел од светската популација.