Google ја објави првата песна создадена од вештачка интелигенција

од desk3
106 прегледи

Трката меѓу технолошките компании која ќе претстави вештачки интелект со се повеќе способности продолжува со полна сила. Google го претстави својот нов проект Magenta, кој им овозможува на уметниците да создаваат слики преку вештачката интелигенција. Покрај тоа Magenta може да прави и музика.

zx450y250_2770310

Платформата е дел од проектот Google Brain, а има за цел да ја научи вештачката интелигенција на интернет гигантите како да создава уметност. Компанијата ја објави и првата песна на Magenta. Таа е со времетраење од 90 секунди, што е генерирана од невронската мрежа на Google. Таа располагала со само 4 ноти како индикација дека го има развиено останатото самостојно.

Компанијата наведува дека платформата е генерирала сама пијаното. Барабаните и останатите алатки се додадени подоцна, за да се добие подобра атмосфера. Google смета дека оваа сфера на развој на вештачката интелигенција е во повој и има уште многу да се развива.

Создавање на слики преку вештаќки интелект е доста сложен процес и проект, но Google очекува дека ќе има многу кои сакаат да се вклучат во проектот. Компанијата се надева дека конечно вештачкиот интелект ќе може да создава слики со истата слобода, произволност и присуство на наративи како оние насликани од човек.