Google Maps веќе има нова услуга, која се вика Location History. Преку неа апликацијата може да снима и да ги покажува на мапата сите места кои се посетени од страна на корисникот. Услугата се активира доброволно од секој корисник. Таа ќе создава на картичката правците на движење, a ќе се сеќава и на многу дополнителни информации како датум и час, начин на превоз и др.
Location History може да се поврзе и со други апликации на Google, на пример Google Photos, за да покажува ги фотографиите кои се направени од ова место. Компанијата уверува дека своевидните дневници со спомени, како и сите информации се доверливи и видливи само за соодветниот корисник. Тој дури има право да брише сегменти од патувањето, кои не сака да се зачувуваат. Во случај да корисникот не е сигурен какви се поставките на неговиот профил и колку и какви информации Google снима за него, може да се провери тоа преку сајт на интернет гигантот.
Новата услуга е дел од најновата верзија на Google Maps за Android, која сѐ уште се шири во фази.