Google може да се откаже од „Back“ копчето во Android Q

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Нешто пред повеќе од една година, Apple го презеде револуционерниот чекор за отстранување на копчето „Home“ на iPhone, за да се потпре на управување на интерфејсот целосно со гестови.

Примерот на компанијата од Купертино се покажа како добар, а Google воведе нешто слично во Android 9 Pie. XDA Developers успеа да добие рана верзија на Android Q, која има уште порадикални промени. Во Android 9 Pie, класичните три меки копчиња се сведени на две, откако она за последните користени апликации отпаѓа.

Присуството на копчето „Back“, сепак, предизвика незадоволство кај некои од корисниците кои се жалат дека неговото присуство го отежнува управувањето на интерфејсо со гестови.

Затоа Google веројатно ќе го отстрани од новата верзија на Android. Во верзијата на софтверот од јануари тоа беше отсутно и заменето со контрола со гестови.

Другата вест е дека корисниците веќе немаат можност да го исклучат управувањето со гестови и да се вратат на класичниот начин на контролирање на уредот со виртуелни копчиња.

Природно, треба да се има во предвид дека ова е многу рана верзија на софтверот, кој е предмет на многу експерименти и кој сигурно ќе претрпи сериозни промени во официјалната премиера за неколку месеци. Значи, сосема е можно да станува збор за тест како ќе функционира интерфејсот, целосно управуван од гестови.