Google официјално го претстави Аndroid 9.0 Pie

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Google официјално објавија дека започнуваат да ги шират софтверските ажурирања кон Android Pie за смартфоните Google Pixel. Уште поинтересно е дека компанијата го потврди и конечното име на платформата: Android 9 Pie. Потсетуваме дека првата Preview верзија беше претставена официјално во март, а на I / O конференцијата во мај беа направени јавни демонстрации на интерфејсот. Сега неколку месеци подоцна Android Pie веќе e достапна за сопствениците на Google Pixel.

Според официјалните податоци на сите корисници кои се запишале за учество во Android Beta програмата (за тестирање на бета верзии на оперативниот систем) ќе добијат ажурирања „до крајот на есента“. Неопходно е да имаат смартфони произведени од Sony Mobile, HMD Global, Oppo, Vivo, OnePlus или Essential. Компанијата исто така додаде дека работи во тесна соработка со сите други производители кои ќе презентираат нови уреди со Android Pie до крајот на 2018 година, пишува CNet.

Новата платформа нуди различни интерфејси и функционални промени. На пример, ќе можеме поинаку да комуницираме со апликации благодарение на акциите на апликацијата. Обезбедени се дополнителни алатки за оптимизирање на осветленоста и потрошувачката на енергија, а исто така го намалува времето што го поминуваме на паметниот телефон. Аndroid 9.0 Pie нуди подобрувања како новиот Do Not Disturb режим, Аpp Timer, Dashboard и функцијата Wind Down.