Google Play нуди најразновиден каталог на мобилни апликации во индустријата и исто така
ефикасно се бори против ширењето на малициозен софтвер. Постојат над 2 милијарди Android
паметни телефони кои имаат пристап до содржини во онлајн продавницата која успева да блокира
повеќе од 99% од заканите што ги ставаат потрошувачите во ризик. Безбедноста не е единствениот
проблем за Google Play, бидејќи адолесцентите изгледа дека имаат пристап до несоодветни
содржини за нивната возраст.

Податоците се од независно истражување на Wired, која вели дека двоцифрен број на игри, кои се
достапни како соодветни за деца, всушност покажуваат насилство и други снимки кои не се
препорачуваат за нив. Нивните тестови откриваат присуство на 52 одделни наслови кои не се
позиционирани во вистинската категорија, од кои 16 се веќе симнати од Google Play. Еден пример
за игра која не е погодна за деца е Mad Max Zombies, која има рејтинг PEGI 3, но вклучува и сцени со
крв и убивање на зомби, објави Engadget.
Исто така, постои голем број на игри за коцкање кои добиваат дозволи за пристап до содржината
во игрите и локацијата на корисници. Од Wired велат дека некои од нив се инсталирани повеќе од
100.000 пати, што дополнително го продлабочува проблемот. Се уште не е јасно колкав точно е
бројот на апликации кои не се категоризираат правилно, но внатрешната истрага на Google ќе
продолжи се додека не се најде оптимално решение на ситуацијата.