Експерименталните чевли што зборуваат „Talking Shoe” се развиени за да им помагаат на сопствениците да се справат со мрзеливоста и да вежбате повеќе.
Обувките од последна генерација беа претставени за време на технолошка конференција во Остин, Тексас. Компанијата „Google” го создаде револуционерниот производ во соработка со „Адидас”. Идејата на спортските патики е да ги мотивира луѓето да вежбат повеќе. На пример, чевлите почнуваат да мрморат кога сопственикот забошотува. Така што кога ќе си лежите на каучот, ќе можете да чуете укорителните реплики од ходникот.
И обратно – во случај да почнете некоја активност, „Talking Shoe” почнуваат да ве поттикнуваат за добрата работа.
Вашингтон / САД
