Американската технолошка компанија Google вечерва ќе одржи настан „Made by Google“, каде што се очекува да претстави нови производи, како што се телефоните од серијата Pixel 10.
Водител на настанот ќе биде комичарот Џими Фалон, а гледачите ќе можат да го гледаат преносот на YouTube каналот на Google од 19 часот по централноевропско време.
Покрај новите телефони, беше најавено и можното претставување на паметниот часовник Pixel Watch 4, со подолг век на траење на батеријата и побрзо полнење, како и подобрени слушалки Pixel Buds 2a, објави Tech Crunch.
Технолошките експерти очекуваат Google детално да ги претстави подобрувањата во хардверот и софтверот за време на настанот, како и дополнителна интеграција на вештачката интелигенција во своите уреди.
Google претходно го лансираше новиот модел на вештачка интелигенција Gemini (Gemini 2.5 Pro) на својата мајска I/O конференција, која носи подобрени можности за расудување и кодирање, како и режим на „длабоко размислување“ за сложени математички и програмски прашања, како и многу други новини, објавија медиумите.