
Доверливоста и приватноста стануваат сè поважни теми за корисниците на Интернет, без разлика дали се работи за заштита на личните податоци или мониторинг од страна на големите компании во технолошкиот сектор.
Оваа недела Google објави дека наскоро ќе ги израдува своите корисници со нов „доверлив режим“ во Gmail.
Ова е карактеристика што лесно можеме да ја вклучиме и исклучиме, а таа ќе ни обезбеди различни начини за заштита на нашите комуникации на платформата на Google.
Благодарение на новиот режим, корисниците на Gmail ќе можат да постават „датум на истекување“ на е-поштата, по што пораката ќе стане невидлива за примачот.
Кога испраќаат електронски пораки со „доверлив режим“, примателите нема да можат да ги препраќаат до други, да ги копираат или да ги преземаат од мрежата.
Корисниците ќе можат да избришат и веќе испратени пораки, што можеби е најатрактивната новина за многумина.
Услугата ќе биде активна од 25 јуни, но може да потрае и до три дена пред да стане достапна за сите корисници на Gmail ширум светот.