
Google и пет други компании се приклучија на иницијативата за создавање универзално електронско пенкало (USI).
Идејата за програмата е да се создаде спецификација на пенкало што ќе работи на ист начин со различни уреди. Единствени стандарди во моментов недостасуваат и постојат десетици различни решенија на пазарот, кои во повеќето случаи не се компатибилни едни со други. Иницијативата сака да го промени ова.
Меѓу другите нови членови се 3M и MyScript, така што вкупниот број на учесници надминува 30. Меѓу нив се и имињата на компаниите како Dell, Lenovo, Intel, Wacom, Synaptics и Sharp.
Улогата на Google ќе биде да ја рекламира иницијативата што започна во 2016 година со објавувањето на спецификацијата USI 1.0. Самиот стандард вклучува двонасочна комуникација помеѓу пенкалото и уредот, 4.096 нивоа на чувствителност на притисокот, складирање на податоци за бои и потези итн.