Интернет гигантот Google објави дека создава глобален советодавен одбор кој ќе дискутира за етичките прашања околу развојот на вештачката интелигенција (AI) и други нови технологии.

Советот треба да го објави својот прв извештај до крајот на 2019 година. Тој вклучува експерти од областа на технологијата, дигиталната етика и луѓе со општествено-политичко потекло, соопшти Кент Вокер, потпретседател на Google за глобалните прашања, на конференцијата на МИТ.
Групата има за цел да обезбеди препораки и насоки за Google и за други компании и истражувачи кои работат во области како што се софтвер за препознавање на лицето. Во овие области постојат различни етички прашања и загриженоста како расна и возрасна дискриминација итн.
„Сакаме да имаме што е можно поинформирани и поосмислени разговори“, рече Вокер на сцената на настанот „MIT Technology Review“ во Сан Франциско, цитиран од агенциите.
„Сакаме да седнеме со советот и да видиме каква агенда ќе биде одредена“, додава тој.
Google веќе има свои внатрешни принципи за развивање на системи со вештачка интелигенција, кои – меѓу другите одредби – заповедаат калифорниската технолошка компанија да не користи AI за развој на оружје.
Осумчлениот Надворешен консултативен совет за софистицирана технологија ги вклучува Џоана Брајсен – доцент по компјутерски технологии на Универзитетот во Бат, Вилијам Барнс – поранешен заменик државен секретар на САД, и Ден Гибонс – главен извршен директор на компанијата Trumbull, според пост во блогот на Google.
Советот ќе заседава четири пати оваа година, почнувајќи во април, прецизира компанијата.