Во моментов е тешко да се замисли што ќе донесе вештачкиот интелект за човештвото, како што пред 25 години малку луѓе можеа да ги предвидат апликациите и важноста на интернетот. Многумина велат дека вештачкиот интелект ќе го промени светот слично на начинот на кој го направи тоа светската мрежа, а веќе сме сведоци и на првите производи на технологијата.
Неодамна стана јасно дека Google успеале да обучат ВИ да препознава болести и да разбира најразлични детали за човечкото тело, откако преку специјални апарати гледа единствено во окото на човек.
Алгоритмот на програмата бил снабден со медицински податоци од над 300.000 луѓе кои страдаат од разни болести. Откако вештачкиот интелект ги „научил“ сите можни зависности меѓу состојбата на очите и на целото тело, тој стекнал способност сам да постаувва дијагноза на луѓе со срцеви заболувања.
Методот се разликува од дијагностиката преку ирисот, откако уредите ја мерат целокупната состојба на садовите во окото, за кои е познато дека се репрезентативни за здравјето на други органи и системи во телото.
На пример, технологијата може да покаже која возраст е пациентот, без разлика дали тој или таа пуши, со што се храни и да идентификува голем број на болести.