Во последните денови се засилија гласините дека GoPro подготвува премиера на поевтина акциска камера и по се изгледа дека таа се приближува, бидејќи на интернет истече официјален документ кој го потврдува постоењето на таков уред. Новиот уред најверојатно ќе се вика GoPro HERO и ќе предложи дизајн како на моделот HERO6, но ќе има поскромни карактеристики и ќе се продава по цена 180 – 200 долари.
Од информациите во документот станува јасно дека ќе видиме снимање на 1080 / 60p и 1440 / 60p видео и снимањето на 10МР слики со фреквенција до 10fps, а освен тоа ќе се вклучени снимање на timelapse видео во интервал од 0,5 секунди, водоотпорност на длабочина до 10 метри и 2-инчен екран на допир. Меѓу другите карактеристики влегуваат Wi-Fi и Bluetooth способности, гласовно управување и компатибилност со функцијата Quik Stories во апликацијата на GoPro.
Се очекува камерата да биде објавена на 30-ти март.