Горан Стојковски – Диро ја најави независната кандидатура за градоначалник на Куманово

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Горан Стојковски – Диро е независен кандидат за градоначалник на Куманово.

Тој вчера заедно со носителот и дел од кандидатите за советници ја презентираше кандидатурата за граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“.

Симболично, пред градскиот часовник кој рече е потсетник на застојот, Стојковски најави решавање на пет клучни проблеми во градот, чист град, системско управување со отпад уреден град, одржување на сигнализација, функционален, нови паркинг места, велосипедска инфраструктура, безбеден град, нови паркинг места, јавен превоз, поддршка за култура, уметност, спорт.

Стојковски по професија е правник и работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово, а два мандати беше директор на ЈП „Водовод“.

Стојковски е третиот кандидат за градоначалник на Куманово кој ја најави својата кандидатура, по партиските кандидати Максим Димитриевски од ЗНАМ и Мартин Костовски од СДСМ.

Слични содржини