Независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски Диро денеска на прес-конференција негираше каква било поврзаност со кој било, потенцирајќи дека зад него не стои „урбана мафија“. Тој побара поддршка од сите кумановци, кои сакаат Куманово да го видат како развиен и кои бараат подобри услови за живот.
Напомена дека ниту се слушна, ниту се сретнал со Оливер Спасовски и потенцираше дека со неговата кандидатура придонел сегашните улици да бидат бекатонирани во Куманово кои беа донесени со програма.
– Гледајте што се случува низ цела Македонија се откажуваат независни кандидати невидено досега, но во исто време се менува и политичка слика. Левица влегува во општина Скопје, јас како независен во Куманово. Сигурен дека има доволно умни, добри, луѓе во Куманово коишто ќе дадат поддршка и нема да направат изненадување на 2 ноември туку ќе го вратат Куманово таму каде што му е местото Куманово уредно, функционално, безбедно-град на култура и град на спорт, изјави Стојковски.
Тој посочи дека сите простории за штабови, освен во „Иго Тричковиќ“ сè со поддршка на граѓаните, нема пропаганден материјал, ниту пак скапи реклами по медиумите.