Ѓорче Петров ќе добие затворен пливачки базен

од Берта Китинска
438 прегледи

Почна изградбата на затворен пливачки базен во Општина Ѓорче Петров, кој ќе чини 38 милиони денари. Затворениот пливачки базен во оваа општина е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени“.

Проектот, како што сооштуваат од Агенцијата за млади и спорт предвидува изградба на затворени базени во 14 општини, што воедно е и еден од најголемите капитални проекти на Агенцијата во делот на спортската инфраструктура.

– Овој проект значи можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт, истакнал директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Слични содржини