Оваа неспособна власт требаше веќе да има отворено вакцинални пунктови во многу општини, за да им биде тоа подостапно на граѓаните, изјави на прес-конференција поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Во Прилеп со 414 мртви, се уште нема вакцинален пункт. Струмица со 200 мртви исто така нема вакцинален пункт. Иста е и ситуацијата и во Гевгелија, Крива Паланка, Валандово, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и во многу други места“, истакна Ѓорчев.
Како што рече тој, во балканските земји во секој град и во секоја општина, некаде дури и во речиси секое село се отвора вакцинален пункт.
„За жал Македонија крахира со процесот на вакцинација, а граѓаните и народот тоа го плаќаат со изгубени животи. Ова е катастрофа на Зоран Заев и Венко Филипче, а цената ја плаќа народот“, обвини членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.