Ѓорчев: На 27. Април најмногу загуби партијата, а дел од членовите завршија во затвор

284 прегледи

За случувањата на „27 Април“, денес сведочеше екс пратеникот од таборот на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека на тој настан најмногу загубила партијата, а дел од нејзините членови завршиле и во затвор.

Исто така потенцираше дека на седницата имало многумина пријавени за збор, но претседателот на Собранието во тој момент, Трајко Вељаноски неколкупати повикувал пратениците да се откажат од правото на збор.

„27 Април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби. ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на „Голи Оток”. Затоа велам дека 27 април не беше исклучок, туку еден голем план. Некој сакаше да се случат проблеми“, објасни Ѓорчев.

Поранешниот пратеник оцени и дека целата постапка за избор на спикер и влада во 2017. година ќе завршела за една недела ако се причекало да завршат сите пријавени за збор.

 

Слични содржини