Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на својот Фејсбук профил, почна да ги споделува првичните податоците од изборните резултати кои стигнуваат до него.
Тој напиша дека неговата партија има водство во Стајковци, општина Гази Баба.
„ВМРО-ДПМНЕ 1.209, СДСМ 778. Водиме и во Љубанци, ВМРО-ДПМНЕ 544, СДСМ 49. Имаме водство и во Лешок – Тетовско, ВМРО 128, СДСМ 5, како и водство во село Мустафино, општина Свети Николе, ВМРО-ДПМНЕ 152, СДСМ 66“, пишува во Фејсбук статусите на Ѓорчев.