Гордана Гоџо: Дали знаете дека само овластен здравствен работник смее да мери температура?

од Берта Китинска
703 прегледи

Гордана Гоџо од Здружение за заштита на човековите права „Од нас, за нас“ на својот Фејсбук профил објасни дека само овластен здравствен работник може да мери температура на децата кои одат во училиште и дека доколку тоа не се почитува може кривиччно да се одговара.

-Пред училиште, некој послушник мери температура:

– Извинете, дали сте Вие овластен здравствен работник?

– Не, наставник.

– А дали знаете дека само овластен здравствен работник смее да врши преглед, во што спаѓа и мерење на температура?

– Така кажа директорот.

– А дали знаете дека тоа што Вие постапувате по наредба, не Ве ослободува од одговорност и можете да одговарате кривично?

Тука обично нема одговор.

– Во ред, мене како активист за заштита на човекови права, должност ми е да Ве предупредам. Вие си знаете како понатаму, пишува Гоџо.

Слични содржини