Познатиот готвач Гордон Ремзи (57) опиша како неодамна доживеал „многу сериозна“ велосипедска несреќа во САД, по што, како што рече, се чувствува многу потресен, објави денеска Би-Би-Си. Во видеото објавено на неговите социјални мрежи, тој ја подигнал престилка за да открие големи виолетови модринки на неговото торзо за кои е потребно болничко лекување.
Во истовремена порака до „сите татковци“ пред Денот на татковците во недела, ѕвездата од Ramsay’s Kitchen Nightmares и Hell’s Kitchen ја истакна важноста од носење кацига.
– Не ми е гајле колку е кратко патувањето – рече тој, додавајќи дека насоките стануваат уште поважни кога станува збор за возење велосипед со деца, велејќи дека „мора да носат кацига“.
– Сакам на сите да ви го честитам Денот на татковците, но ве молам, ве молам, носете кацига. Да не бев, искрено, немаше да бидам овде сега – изјави Ремзи.
Тој на својот Инстаграм сподели и фотографија пред и потоа на која се гледа значително оштетување на кацигата.
Славниот готвач рече дека несреќата се случила претходно оваа недела во Конектикат и им се заблагодари на трауматичарите и медицинските сестри во болницата Лоренс и Меморијал кои се грижеа за него.
Тој објасни дека „не скршил никакви коски или претрпел некои поголеми повреди“, туку бил „малку набиен и изгледал како виолетова компир“.
– Имам болки. Тоа беше брутална недела. И некако преживувам – додал Ремзи, британски готвач, сопственик на ресторани, писател и телевизиска личност, роден во Џонстон, Шкотска.
Рестораните на Ремзи имаат добиено вкупно 16 Мишелин ѕвезди и моментално ги имаат вкупно 7.