Светски познатиот готвач Гордон Ремзи симнал речиси 30 килограми поради неговата сопруга Тана. Во интервју за „Дејли мејл“ тој изјави дека неговата партнерка е неговата најголема мотивација да ослаби, бидејќи таа самата е запалена по фитнес-салата и не била задоволна од вишокот на тежина. Така 51-годишниот водител на „Hell’s Kitchen“ почнува да тренира напорно за да постигне совршена фигура.
„Тана не беше импресионирана од начинот на кој изгледам. Бев со прекумерна тежина – 114 кг, и изгледав ужасно. Ги гледав сликите нашите слики и мислев како е можно таа да е уште со мене, бидејќи изгледа подобро и е одлична. И, на крајот од денот, оди во кревет со дебел човек“, вели Ремзи за „Пипл“.
Гордон и Тана се во брак повеќе од 20 години и имаат четири деца – Меган, Матилда и близнаците Џек и Холи. Иако кариерата и многуте успеси, Ремзи вели дека се уште страда од ниска самодоверба.
Шефот, исто така, вели дека причината за неговата прекумерна тежина е лошата исхрана и долгите работни часови.
„Не сакам мојата работа да ме убие. Знам како живеат нездраво готвачите. Стрес, самоубиства – напорниот секојдневен живот има смртоносен ефект. Од дебелина, преку срцев удар, до зависност од кокаин“, признава Гордон Ремзи.
Така, во 2012 година постепено почнал да го менува својот животен стил. Тој побарал помош од реномираниот тренер Вил Ашер, кој го охрабрува да вози велосипед и да тренира најмалку три пати неделно. Ги исклучува од неговото мени млекото и сирењето. Сега Ремзи тежи околу 88 килограми и продолжува да води здрав начин на живот, бидејќи не сака да ја сподели судбината на неговиот татко, кој починал на 53-годишна возраст.