Горештини и шумски пожари ја мачат Европа

Шумски пожари беснеат и во Турција и Грција

од desk2
17 прегледи

Дури 17 од 27 големи градови во Италија се опфатени од жешкиот бран, температурата во Париз се очекуваше да достигне до 40 Целзиусови степени, а на југот на Португалија и Шпанија и до 43 степени, додека во Турција се евакуирани повеќе од 50.000 луѓе пред шумските пожари на западот на земјата, потпомогнати од високите температури и сушата. Шумски пожари има и во Грција.

Во Италија, високите температури беа причината за смртта на 47-годишен градежен работник, кому му се слошило додека работел во градот Болоња. Во Франција, поради жегата е затворен за посети највисокиот дел на Ајфеловата кула, а високи температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат и во Германија, но и во Белгија и Холандија.

Сепак, состојбата е најпроблематична на југот на европскиот континент, па Шпанија и Португалија уште неколку дена ќе се мачат со високи температури, а заладување е прогнозирано дури за четврток. Вчера во Шпанија беше постигнат апсолутен рекорд за јуни, со измерени 46 измерени во Ел Гранадо, на југозападот на земјата. Ден претходно, температура од 46,6 Целзиусови степени беше измерена во Мора, на околу 100 километри источно од главниот град Лисабон.

Во Турција, службите за вонредни ситуации евакуираа над 50.000 луѓе, главно во провинцијата Измир, поради заканите од стотиците шумски пожари, кои освен кај Измир беснеат и во провинциите Билеџик, Хатај, Сакарја и Маниса. Турскиот министер за шумарство појасни дека во изминативе три дена, службите за вонредни ситуации биле ангажирани со 263 шумски пожари.

Во последниве денови, шумски пожари беснееја и околу неколку население места кај главниот град Атина, при што беа уништени домови и евакуирани жители.

Слични содржини