Ѓорѓиев си даде оставка на директорското место од ЈП„Македонски шуми“

од Берта Китинска
468 прегледи

Владата ја прифати информацијата за оставката на Зоран Ѓорѓиев, од должноста директор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- Скопје, и заклучи да му препорача на Управниот одбор на  ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- Скопје да ја именува Јулијана Николова за вршител на должноста директор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- Скопје.

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие Колекторски систем, за вршител на должноста заменик на директорот, да го именува Фатон Положани.

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие Национална радиодифузија, за вршител на должноста заменик на директорот, да го именува Мухамед Цури.

Слични содржини