Ѓорѓиевски го стопираше планот за изградба на 99 згради во Расадник

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека е стопиран урбанистичкиот план за Расадник, на кој биле биле планирани 99 нови згради.

-Во истиот Комисијата констатира дека има 99 нови згради, па согласно барањата на граѓаните, заклучно со февруари, ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот Детален Урбанистички План за Расадник, објави градоначалникот.

Ѓорѓиевски потенцираше дека во општина Кисела Вода има точно 53 важечки Урбанистички планови и започната е ревизијата на 34 плана кои беа во различни фази на донесување. Ѓорѓиевски информираше дека и ДУП-от за Градска четврт Ј 20 блок 3, или План за дел од Црниче е стопиран, а по празниците ќе биде спроведена јавна презентација

-Жалосно е што Кисела Вода како општина беше прва на удар на градежната мафија. Уште повеќе, жалосно е што претходната локална власт била дел од таа градежна мафија и шурувала со нејзе, била нејзина поддршка во општината. Од денот на преземање на општината, увидовме многу грешки и неправилности во постапки на веќе реализирани проекти. Увидовме проекти каде што луѓе граделе без дозволи, само затоа што некому дале мито и резултатот на тие градби беше рушење. Ги срушивме и ќе продолжиме и понатаму да рушиме диви градби. А тие што давале мито, ги упатувавме да пријават во полиција ако сакаат да бараат некоја правда, бидејќи кај мене владеат само законите, нагласува градоначалникот на општина Кисела Вода.

Слични содржини