288
Горила и два лава од зоолошката градина во Прага се позитивни на коронавирус, објави директорот на таа зоолошка градина.
„Денес, откриено е дека лавовите Јамван и Суши, како и горилата Ричард се позитивни на коронавирус. Нивните симптоми се благи, кашлаат, Ричард е уморен и го изгуби апетитот“, напиша директорот на зоолошката градина, Мирослав Бобек, на својот Фејсбук профил.
Директорот додаде дека персоналот најверојатно ги пренел на животните и дека другите животни ќе бидат тестирани.
Чешка се соочи со ново зголемување на бројот на случаи на коронавирус, а стапката на инфекција по глава на жител е меѓу највисоките во светот.
Во јануари, коронавирусот беше пронајден и во група горили во сафари парк во Сан Диего.