Горивото во Германија значително поевтини за време на сезоната на одмори

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Бензините и дизелот значително поевтинија во Германија, во екот на сезоната на одмори и патувања, објави во средата националниот автомобилски клуб (ADAC).

Премиум бензинот Е10 во вторникот чинеше 1,751 евро за литар, 2,5 центи помалку од една недела порано. Дизелот поевтини за 2,9 центи, на 1,627 евра и до најниската вредност од почетокот на годинава.

Бензинските пумпи во последните седум дена трипати ги намалија цените на дизелот, а двапати на бензините.

Инаку, цената паѓаше од крајот на април до средината на јуни. По мала корекција, трендот се чини дека продолжува.

Слични содржини