Гостиварчанка се повредила исклучувајќи ја струјата откако им се запалил домот

од Берта Китинска
367 прегледи

– На 11.02.2022 околу 13.00 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Старо Чајле, гостиварско, сопственост на Х.Н.. При обид да ја исклучи електричната енергија со повреда се здобила Ф.Н.(40), која била пренесена во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Слични содржини