Гостиварец ист стан го продавал на двајца

од Milan1
22 прегледи

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Пријавениот, претставувајќи се како менаџер на правно лице и лице со овластување за склучување на договор во име на правното лице, довел во заблуда лице од гостиварско на тој начин што склучиле преддоговор за купопродажба на стан во вредност од 40.000 евра, по што лицето му исплатило 25.000 евра, а кој стан претходно го продал на друго лице.

Слични содржини