Вчера (27 април) во 20 часот и 25 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот гостиварец Д.В., кој околу 20 часот во нејзиниот семеен дом физички ја нападнал 61-годишната сосетка, а се обидел и да изврши обљуба.
Според информациите на Основното јавно обвинителство Гостивар, осомничениот на 27 април се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе. Откако го одбила, тој ја нападнал започнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата. Оштетената за цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.